На пациент од стомак му извадиле 233 предмети

Лекарите од Ван, Турција, за време на операцијата извадиле 233 туѓи предмети од стомакот на 35-годишен пациент, меѓу кои 83 монети, батерии, магнет, клинци, парчиња стакло, камења и штрафови. 

Пациентот има психички проблеми, а при ултразвучниот и ренген прегледот констатирано е дека во стомакот на пациентот има бројни туѓи предмети.

Операцијата траела два часа, а пациентот ќе биде под опсервација неколку дена. Хирургот Серхат Биничи рече дека абдоменот е целосно исчистен од туѓи предмети.

„Ова не е нешто што често се гледа кај возрасните, повеќето од нив се деца кои несвесно голтаат туѓи предмети. Кога станува збор за возрасни, тоа се најчесто случаи кога пациентите имаат психички проблеми, или се затвореници или жртви на злоупотреба“, рече Биници.

Тој додаде дека споменатиот пациент претходно голтнал 75 штрафови.






		
		
			
Scroll to Top