На синот на Михаел Шумахер местото не му е во Формула 1, тврди Берни Еклстоун

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, тврди дека Мик, синот на Михаел Шумахер, не треба да вози во Формула 1, туку, ако сака да се занимава со автомобилизам, да се обиде да се натпреварува во некоја друга категорија.

Мик две сезони вози за тимот на Хас, но засега не се знае дали ќе му го продолжат договорот бидејќи не ги исполни очекувањата што ги имаа од него.

„Луѓето се разочарани од неговата изведба. Реално, не знаеме дали е до него или до тимот, но сигурно е дека секој подобар тим нема да сака да ризикува со него. Мислам дека Хас нема да продолжи и следната сезона со Мик“, рече Еклстоун во интервју.

Според него, презимето што го носи и успесите на татко му се преголем товар за Мик.

„Сите знаат кој му е татко. Тоа е премногу тежок товар и мислам дека нема место за него во Формула 1. Мора да се сврти кон друга категорија. Тој не е способен да се справи со притисокот што го носи Формула 1“, додава Еклстоун.

Scroll to Top