На српски репрезентативец му извадиле бубрег на Светско

Српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ заработи тешка повреда на Светското првенство во кошарка во Манила. Доцна вечерта во неделата, на мечот со Јужен Суден, заработи повредата во дуелот со поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Нуни Омот, по што лекарите морале да му го извадат бубрегот.

Симаниќ повредата ја заработи откако влезе како резервен играч од клупата. Омот со лакет ненамерно го удри во пределот на бубрегот, по што играчот на Црвена ѕвезда се здоби со тешката повреда.

Иако на почетокот не изгледаше сериозно, сепак лекарите во болница морале да му го отстранат бубрегот.

Scroll to Top