На 18-годишен тинејџер му е забрането да патува со авион во наредните пет години, откако минатата среда за време на летот од Ротердам до Задар, на останатите патници преку мобилен им испратил фотографија од пад на турски авион.
По инцидентот холандската авиокомпанија „Трансавија“ го стави на црната лица. Пет минути пред полетувањето момчето сакало да се пошегува и на другите патници преку својот „Аирпод“ им ја испратил фотографијата.
Преку системот на „Епл“, фотографијата можеле да ја видат сите патници кои имале „Ајфон“ телефони. Фотографијата се појавила и на телефонот на шефот на персоналот.
Локалните медиуми пренесоа дека на фотографијата се гледа срушен авион од Турција во кој загинале неколку патници.
„Ова го сметаме како сериозна закана со бомба“, рече портпаролот на Transavia Rijnmod.„Пероналот на авиокомпанијата ја видеа фотографијата. Ја видеа и деца. Така што ова го сфаќаме како сериозен инцидент и капетанот го пријави како закана“, рече портпаролот на авиокомпанијата.
Тој рече дека екипажот го повикало лицето кое ја објави фотографијата преку разглас. Тинејџерот самиот се пријавил дури откако капетанот се заканил дека нема да полетаат. Момчето потоа било приведено и сослушано од воена полиција.
Сега е изведено пред суд каде се правдаше дека немал никакви лоши намери и дека само да се шегувал.