На Виз Ер Скопскиот маратон ќе трчаат 8.500 учесници од 47 земји

Утре во Скопје ќе се одржи осумнаесеттото издание на Виз Ер Скопски маратон на кој ќе се трча полумаратаон, штафетен маратон и трката на пет километри.

Пријавени се 8.500 учесници од 47 земји од целиот свет.

 „Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е на плоштадот Македонија. Учесниците на трката на пет километри ќе тргнат од Рекорд во правец на Аеродром, додека тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон ќе стартуваат од болницата ‘Св. Наум Охридски‘, па преку плоштадот продолжуваат преку улицата Теодосиј Гологанов кон Хром“, рече директорот на Кире Синадиновски.

 

 

Scroll to Top