На водителката на Евросонг ѝ се слошило во финалето, а сега откри дека е позитивна на корона

Водителката на годинашниот Евросонг во Торино, италијанската пејачка Лаура Паузини, рече дека е позитивна на Ковид 19 ѝ дека заради тоа ѝ се слошило во финалето.

„Да, навистина нешто не беше во ред со мене. Од саботата не се чувствував добро. Мислев дека тоа е поради умор, но, не беше така. Штотуку дознав дека сум позитивна на коронавирус, па сега сум изолирана и не можам да патувам“, рече Лаура.

Таа додаде дека нема да може да учествува ни на концертот Amor a la Música кој ќе се одржи на Флорида.

Паузини заедно со Алесандро Кателан и  Мика го водеа 66. Евросонг. Медиумите пренесоа дека за време на гласањето таа исчезнала, а дека подоцна се огласила дека ѝ се слошило од стрес. Таа сега откри дека не бил во прашање стрес и дека била позитивна на ковид.

Scroll to Top