Над 70 нови вработувања во „Брако“ од почетокот на годинава до јули

Новите проекти и инвестиции во „Брако“ ја продолжуваат тенденцијата на отворање нови работни места и тоа во услови на дестабилизирани економски текови во светски рамки.

Од почетокот на годинава до јули, „Брако“ вработи 74 нови лица со што во моментов компанијата брои над 600 вработени. Додека вкупниот број на вработени во Групацијата „Фероинвест“, од која што дел е и “Брако“, ја надмина бројката од 1.000.

Интензивните повеќемилионски инвестиции во нови производствени хали со најсофистицирана технологија која моментално постои во светот ја одржуваат динамиката на компанијата и производствениот континуитет.

Изградената нова хала од 2.200 метри квадратни за производство на топло цинкувана жица како и планираната изградба на нов погон за технолошки најсовремените „Грин Машинс“ возила на површина од 4.200 метри квадратни и целосно реновираната производствена хала од 1.000 метри квадратни со нов машински парк за производство на опружна жица се дел од стратегијата на „Брако“ за континуирани инвестиции во својот развој.

Преку отворањето нови работни места, „Брако“ директно влијае на намалување на трендот на иселување и на намалување на невработеноста, со што многу млади инженери и техничари од машинската струка ја наоѓаат својата перспектива тука и започнуваат или продолжуваат да ја градат својата кариера.

Scroll to Top