Најбогатите луѓе и оваа година ќе се соберат заедно на летниот камп за милијардери

Магазинот „Форбс“ соопшти дека најмалку 25 милијардери лани биле помеѓу гостите во летниот камп, кој секоја година во јули го организира инвестициската банка Allen&Company и трае околу една недела.

На настанот поканети се најбогатите и највлијателни луѓе во светот и баш поради тоа го доби прекарот летен камп за милијардери. Кампот за милијардери се одржува од 1983 година во одморалиштето „Сен Вели“, кое се наоѓа на надморска височина од 1.805 метри во округот Блејн, во американската сојузна држава Ајдахо. Тоа е позната скијачка дестинација опкружена со планините Блад и Долар.

Во летните месеци ова место е идеално за планинарење, голф, кајак, истражување со велосипед и други слични активности. Овие активности се и на листата на летниот камп заедно со следење предавања на финансиски теми, но и склучување деловни договори. Поради пандемијата на коронавирусот, кампот беше откажан во 2020 година првпат во својата историја, а во 2021 година беше одржан под посебни околности. Сите присутни требаше да се вакцинираат и да имаат негативен тест на Ковид-19, а повеќето настани се одвиваа на отворено.

Познати се само ретки детали за конференцијата имајќи предвид дека новинарите имаат многу ограничен пристап до настаните и нејзините гости за време на летниот камп. Повеќето од гостите доаѓаат со приватни авиони, престојуваат во луксузното одморалиште и имаат на располагање славни готвачи за подготовка на оброците. 

Scroll to Top