Изборот на дестинација за летување за семејство со деца бара добра информираност, особено доколку ја посетувате првпат.
Пресудни фактори за семејства со деца при изборот на дестинацијата се близината и траењето на патувањето, стрмност на морското крајбрежје, каква содржина се нуди за децата, дали морското крајбрежје е чисто и безбедно, како и дали е во прашање место што нуди соодветен мир за одмор со семејството.
За вас одвоивме пет дестинации на Балканот, кои се идеални за семејно патување со деца.
Крк (Хрватска)
Островот Крк е најголемиот остров на Јадранот и се наоѓа во умерен и благ појас на Медитеранот со 2.500 сончеви часа во годината. Патот дотаму е со чист и одличен автопат.
Опкружен е со чисто и бистро море и содржи 15 плажи. До многубројните песочни, со ситни камчиња или целосно камени плажи, освен со автомобил, може да се дојде и преку пешачките и велосипедските патеки, чија должина е околу 300 километри.
Кога говориме за Крк како идеална дестинација за семеен одмор, мораме да ги спомнеме и другите бисери во истарскиот регион, како Опатија, Пореч и Ровињ, кои нудат идеални услови за мирен, опуштен и угоден престој.
Касандра (Грција)
Полуостровот Касандра, заедно со уште двата полуотрова Ситонија и Атос, се наоѓа на најпосетениот поголем полустров Халкидик.
Медитеранската клима и вегетацијата, живописната и мала туристичка населба по должинат на крајбрежјето помеѓу кои се наоѓаат некои од најубавите плажи, секоја година привлекува сè поголем број туристи кои уживаат во чистото море и сонцето, како и сите други благодати што ги нуди овој регион. Благите и песочни плажи се идеални за престој и уживање на семејства со мали деца.
Сместување може да се најде на секој чекор, што е очекувано затоа што целиот регион живее од туризам. Капацитетите се разновидни, од луксузни хотели преку апартмански сместувања до кампови, кои одлично се снабдени.
Саранда (Албанија)
Саранда е град на самиот југ од Албанија со речиси 30.000 жители и претставува најатрактивна дестинација за летување во Албанија. На 26 километри јужно од градот се наоѓа грчката граница, а преку патот за Саранда, на околу три километри, е островот Крф, до кој секојдневно сообраќаат траекти.
Заливот во кој се наоѓа Саранда го опкржува кристално бистрото и топло Јонско Море. Јонското крајбрежје на Албанија има блага медитеранска клима за која е карактеристен големиот број сончеви денови.
Плажите во Саранда се приспособени на сите категории гости.
Рафајловиќи (Црна Гора)
Рафајловиќи е стара рибарска населба, а сега идеална дестинација за престој на семејства со мали деца. Рафајловиќи се наоаѓа меѓу две преубави плажи – Каменово, од една страна, идеално за тинејџери, и Бечиќи – вистински рај за мали деца, кои сакаат да си играат во песок.
Овде може да престојувате во неколку помали хотели, иако доминираат апартманските сместувања. На самото крајбрежје постојат и детски одморалишта.
Во самото место има неколку поголеми супермаркети, кои одлично се снабдени, а еден од нив се наоѓа на самата плажа. На шеталиштето можете да пронајдете мниогубројни ресторани, слаткарници и игротеки, така што секој може да избере содржина што му е најинтересна.
Тасос (Грција)
Грција сигурно им е најомилена дестинација на многумина, а островот Тасос е една од најубавите и најпопуларни дестинации кога е во прашање престојот на грчките острови.
На Тасос има 70-ина уредени плажи, четири со сино знаме. Најмногубројни се песочните плажи, но може да се најдат и целосно камени или со ситни камчиња. Песочните плажи и плиткото море се идеални за престој на семејства со деца.
Иако на Тасос има многу хотели, престојот во апартмани е најпопуларен вид сместување, од кои повеќето се наоѓаат на самото крајбрежје.
Како и цела Грција, така и Тасос изобилува со многубројни историски споменици, како и музеи, пред сè, од времето на античка Грција.