Најдобри дестинации за есенски патувања

Бидејќи повеќето туристи патуваат во текот на летото, есента е време во кое треба да уживаат авантуристите и љубопитните души ширум светот.

Немојте да бидете тажни ако не заминавте на одмор ова лето, бидејќи за многумина од нас забавата е на почеток. Многубројните дестинации ширум светот се уште поубави наесен. Од пониски цени, подносливи температури и средновековни улици без орди на туристи, до прекрасни есенски бои и откачени фестивали, есента навистина знае да не привлече со својата магија.

Трансилванија, Романија
Трансилванија е место од каде потекнуваат бројни легенди и средновековни замоци, прекрасна дива природа и неверојатна култура. Планинските села заборавени во минатото, со куќи стари стотици години расфрлани по падините и неверојатната комбинација на бои на густите шуми во доцна есен, ќе ве натераат да помислите дека сте ја напуштиле реалноста и залутале во некој магичен свет.

Опкружена со Карпатите и планините Фагарас, прошарани со средновековни цркви со утврдувања и замоци полни со легенди, Трансилванија е едно од најинтересните места за посета во Романија, а есента е најдобро време за тоа.

Тоскана, Италија
Знаеме дека секоја сезона има свој шарм, но есента некако носи магија во нашиот свет. И ако ја посетите Тоскана, тогаш ќе видите дека есента е навистина магична сезона. Лирските пејсажи на Тоскана се полни со есенски бои, додека температурата е идеална за прошетка низ нив, без гужвите на кои вообичаено ќе наидете.

По бербата на најдоброто грозје и маслинки, ќе имате можност да уживате во феноменалните гастрономски фестивали практично во сите градови од овој регион. Од винарии кои нудат познати вина и сувомеснати, тестенини, до совршени пејзажи, Тоскана е една од најдобрите есенски дестинации за патување.

Баварија, Германија
Кога ќе пристигнете во Баварија, ќе се уверите дека сте зачекориле во бајка. Со прекрасни алпски шуми, планини покриени со снег и прекрасни замоци, цркви и средновековни мостови, Баварија е дестинација која не е како ниту една друга и веројатно една од најдобрите во светот за уживање во есента.

Одете на авантура по баварската рута на романтиката, која се движи низ богатите вински региони и вековните градови и живописните пејзажи. Задолжително понесете ја вашата камера.

Њу Форест, Англија
Оваа шума доби кралска титула од Вилијам Освојувачот и е дом на бројни видови птици и животни. Всушност, тоа е главно неоградена област во југоисточна Англија, а исто така и едно од најдобрите места за посета во текот на есента.

Совршено за бегство од гужвата, сообраќајот и вревата на кој било град, ова место ви нуди можност да се опуштите, да шетате, да трчате и да вечерате надвор кога сакате, опкружено со изобилство диви животни, ретки растенија, пријатни чајџилници и англиски пабови. Живописните есенски бои го прават задолжително да се види.

Долината Дуро, Португалија
Есента ја претвора Европа во земја на бои, вкус и мирис, но некои места се едноставно подобри од другите. Токму таков е случајот со долината Дуро во Португалија, една од најдобро чуваните тајни во земјата. Ова е винарскиот дел на Португалија, кој наесен станува море од жолти, црвени и портокалови тонови. Со своите терасовидни лозја што ги покриваат стрмните ридови околу реката, мирната и тивка долина Дуро ќе ви ја понуди целата своја привлечност.

Scroll to Top