Босанската пејачка на севдалинки Амира Медуњанин ќе одржи концерт во Скопје, прв во организација на „Авалон продукција“.
Концертот ќе се одржи на 11 -ти октомври во Македонската филхармонија.
„Амира Медуњанин оваа година одржа повеќе од 50 концерти низ целиот свет и претставува наша голема чест и задоволство што токму ова е наш прв проект оваа есен во Македонија“, изјавија од Аволон.
Медуњанин ќе одржи само еден концерт во Скопје, поради зафатена агенда на пејачката. Билетите ќе бидат пуштени во продажба в четврток (15.09.2022) низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по ценa oд 1.200 денари и ограничена количина на ВИП-билети по цена од 1.500 денари.