Најдобриот пицамајстор во светот Горан Абрамовиќ правеше пица на наполетански начин среде Скопје

Најдобриот пицамајстор во светот за наполетанска пица, Горан Абрамовиќ, неколку дена беше гостин во скопската пицерија „Мато наполетано“. Пред еден месец, на светскиот натпревар за правење пица, тој победи во најпрестижната категорија, наполетански стил на пица, и беше подобар од многу славни италијански пица мајстори.

Горан Абрамовиќ е член на АПН асоцијацијата (Академија Пизаиоли Наполетана) која асоцијација беше заслужна за Наполетанската пица со заштитен сертификат за геогрфско потекло, рецептурата и мајсторството во уметноста на правење пици.

УНЕСКО во 2017 година ја стави пицата наполетано на листата за светско културно наследство.Пицамајсторот Горан Абрамовиќ во конкуренција на 1000 учесници од целиот свет вклучувајќи ги и наполетанските, ја освои првата награда.

„Горди сме што овој шампион кој со пица наполитана ги воодушеви дури и Италијаните се согласи да биде главен ментор и водител на патот кој ќе го однесе „Мато Наполетано“ до целта, во пицерија сертифицирана за автентична традиционална наполетанска пица. А Скопје ќе биде помовирано на светаката мапа на Наполитанската Асоцијација, со што оваа пицерија ќе биде вистинска гастро италијанска амбасада и место каде што вистинските љубители на пица ќе можат со задоволство да се препуштат во уживање на вкусовите од овој наполитански специјалитет“, изјавија од „Мато наполетано“.

За потсетување, пицеријата „Мато наполетано“, пред неколку месеци беше избрана за една од најдобрите 50 пицерии во Европа за 2022 година.

Scroll to Top