Најдобрите плажи во Грција за семеен одмор

Кога родители на малите деца избираат дестинација за одмор, сакаат одморалиштето да биде блиску за возењето доколку патуваат со автомобил да не биде предолго, а местото да е тивко, плажата да е уредена и да е плитко. 

Блиску е Халкидики каде има голем број на песочни плажи со многу чисто море. На почетокот на Халкидики се наоѓаат Неа Флогита и Неа Плагија, двете места се поврзани со долга плажа. Морето на овие места не е толку тиркизно, но е плитко, плажата е долга, местата се доволно пространи, а сместувањето е подостапно отколку во Ситонија, Касандра и Атос. Поради сите овие причини, овие две места се сè попопуларни меѓу семејствата. На првиот крак, Касандра, Скала Фурка и Сивири се идеални за помали деца. Самите места немаат многу содржина, но блиску е Калитеа е блиску.

Калитеа има песочна бела плажа со многу долга и плитка вода. Негативната страна е што повеќето сместувања се далеку од плажа, но ако барате сместување покрај плажа, тогаш Калитеа е можеби најдобриот избор на Касандра.

Ако долгата плитка плажа ви е помалку важна, а сакате многу содржини и за деца и за возрасни, тогаш изберете Ханиоти и Пефкохори.

Ситонија е полна со убави плажи кои се претежно надвор од градот. Кое место и да го одберете на Ситонија, нема да погрешите бидејќи сите се опкружени со прекрасни плажи со ситен песок. Помеѓу омилените плажи се Сарти, Сикија и Торони. Новиот дел на Сарти има долга и широка плажа. Сикија е многу мало место и без капацитети, но има убава плажа, Сарти е оддалечен само 8 км од него за вечерни прошетки, а во близина на Сикија има многу убави плажи кои се погодни и за деца. Плажата во Торони е долга со што ќе избегате на плажа да сте едни до други, морето е многу чисто, нема ветер и бранови. За во вечните часови нема многу содржини, но местото е тивко и одлично за одмор. Во близина на Торони има и прекрасни плажи.

Помеѓу останатите плажи каде може да се престојува семејно се и Никити, Атос, Јеритос, Неа Рода, Амуљани, неи Пори.

Кога станува збор за Епир и Јонското крајбрежје, ситуацијата е малку поинаква и овој дел од Грција е подобар за семејства со малку поголеми деца. Најубавиот дел на Лефкада е западниот брег, каде има многу ветер, а плажите во овој дел не се ниту песочни, ниту плитки.

Парга и околината исто така немаат плажи со екстремно долги и плитки плажи со ситен песок. Најубавата плажа на тој потег е Врахос, но нејзиниот недостаток е тоа што е релативно често ветровито.

Scroll to Top