Најплатениот јутјубер во светот ќе се кандидира за претседател на САД: време е за помлади претседатели

Најследениот Јутјубер во светот, MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон, во неодамнешното гостување на каналот TMG откри дека планира да се кандидира за претседател на САД.

MrBeast не прецизираше кога точно ќе се кандидира, но кажа како ќе изгледа неговата кандидатура. Тој најави дека ќе „среди“ дел од проблемите на САД, но во таа улога нема да се гледа дури за дваесетина години од сега.

„Сакам да соберам еден куп пари и потоа да им ги предадам на луѓето непосредно пред да се кандидирам за претседател. Замислете, имате 10 милијарди долари и ги давате на луѓето. Тогаш можам да кажам: „Имав се и им дадов се на луѓето“, и тоа е многу моќна работа“, објаснил MrBeast и додал дека потоа нема да има потреба да лобира.

Тој исто така презентирла интересна идеја за тоа како би можела да изгледа неговата кандидатура за неколку години.

„Мислам дека претседателите се стари. Време е за помлади претседатели“, рече MrBeast.

Scroll to Top