Најпознатиот тиктокер Каби Ламе заработува 750 илјади долари од објава

Најпопуларниот тиктокер Каби Ламе заработува 750 илјади долари од објава на оваа социјалната мрежа. Сумата се одредува во зависност од договорот. Модниот бренд „Хуго Бос“ му платил 450 илјади долари за да оди по пистата и да сними видео за на Тик-ток на модната недела во Милано.

Ламе стана популарен на оваа социјална мрежа со објавување видеа кои набрзо постигнаа голема популарност. Тој почнал да објавува видеа на социјалната мрежа откако бил опуштен како работник во италијанска фабрика за време на пандемијата.

Неговиот менаџер Алесандро Риџо изјавил во интервју за магазинот Fortune дека познатиот тиктокер е на пат да заработи 10 милиони долари оваа година.

Ламе моментално има 149,5 милиони следбеници на Тик-ток.

Scroll to Top