Најромантични хороскопски знаци

Риба
Рибите се непоправливи романтичари. Нивната сонлива природа ги наведува да го гледаат најдоброто во другите, а тоа особено важи кога се во прашање љубовните партнери. Рибите носат очила во розова боја и веруваат дека секоја врска е судбинска. Не губат надеж и по скршено срце. Рибите живеат за љубовта и никогаш нема да се откажат од неа.

Лав
Лавовите се непоправливи романтичари кои сакаат јавно пoкажување на љубов. Ако се во врска, сакаат да го покажат својот партнер и сакаат сите да знаат колку се заљубени. Лав сака да ја опсипува својата сакана со подароци и љубов. Понекогаш може да претера, но токму затоа му треба партнер кој ќе знае да го цени тоа.

Рак
На ракот му треба малку време да се опушти, но кога ќе се чувствува безбедно, целосно му се предава на партнерот. Овие луѓе се интуитивни, па можат да насетат што сака нивниот партнер и што може да му се допадне. Ова им овозможува постојано да му приредуваат изненадувања кои го соборуваат од нозе. Подготвени се да се борат за врска која е во криза бидејќи цврсто веруваат во моќта на љубовта.

Scroll to Top