Најскапиот ручек во светот чини 19 милиони долари

Човек кој сакал да остане анонимен, платил рекордни 19 милиони долари на аукција за да руча со милијардерот бизнисмен Ворен Бафет. Станува збор за традиција која Бафет ја започнал уште од 2000 година и досега се одржала 21 пат. Не се одржала само во 2020 и 2021 поради короната.

Тој ги продава на аукција своите скапи ручеци, а парите на крајот завршуваат во добротворни цели. Бафет вели дека ова ќе биде последен пат како одржува ваква аукција.

Претходно во 2019 година рекордот го држеше претприемачот и основач на криптовалутата Трон, Џастин Сан, кој платил 4,57 милиони долари.

Оваа година приходот ќе заврши во непрофитната организација Glide, која се наоѓа во округот Тендерлоин во Сан Франција. Оваа организација им помага на сиромашните, бездомниците и зависниците. Им обезбедува храна, сместување, тестирање на ХИВ и хепатитис Ц, а има и програми за обука за работа и грижа за деца.

Оваа година победникот одлучил да остане анонимен. Портпаролката на еBay-a рече дека ручекот е најскап артикл кој се продава на веб страната на компанијата за добротворни цели.

Бафет кој е претседател и извршен директор на компанијата Berkshire Hathaway Inc, собрал околу 53,2 милиони долари за Glide спроверувајќи 21 аукција, од која првата се случи во 2000 година.

„Искуствата беа само добри. Запознав голем број интересни луѓе од целиот свет. На сите заедничко им беше тоа што знаеја дека парите ќе одат во добротворни цели“, рече Бафет.

Тој почнал да го поддржува Glidea откако неговата прва сопруга Сузан се запознала со добротворната организација за која волонтирала. Таа починала во 2004 година, а тој рече дека ѝ ветил дека ќе го подари целото негово богатство.

Бафет ѝ ветил дека ќе ги донира сите 93,4 милијарди долари кои ги има. Тој во моментов е 17 најбогат човек на светот, според „Форбс“. Годинашниот победник на аукцијата, заедно со уште седум гости ќе уживаат во ручекот во ресторанот Smith & Vollenski Steakhouse на Менхетен.

 

 

Scroll to Top