Најстарата желка во светот Џонатан го прослави 190 роденден

Најстарата желка во светот, Џонатан го прослави 190 роденден. Желката се наоѓа на јужноатланскиот остров Света Јелена и е најстарото живо копнено животно во светот. Куќата на гувернерот на островот во која Џонатан мина најголем дел од животот, во наредните три дена ќе биде отворена за посетители пренесе „Си-ен-ен“.

dobivaj vesti na viber

Иако не постои вистински запис, се смета дека Џонатан е роден околу 1832 година. На остривит е донесен во 1882 година, како подарок за сер Вилијам Греј Вилсон, кој подоцна станал гувернер. Џонатам може да живее до 200 години, вели Мет Џонсон, шефот на туризмот на островот.

На островот е како славна линчост. Живее со други три џиновски желки, Дејвид, Ема и Фред.

Иако поради староста има ослепено и го нема чувството за мирис, сепак неговиот слух е одличен. Според Гинесовата книга на рекорди, добро реагира на звуците на гласот на својот ветеринар.

И покрај тоа што некои од неговите сетила сега откажуваат, ветеринарот на Џонатам, Џо Холис, за Гинесовата книга на рекодри рече дека во него има доволно енергија, иако тоа варира во зависност од времето.

„Во поблаги денови се сонча, неговиот долг врат и нозе целосно се испружени од школката за да може да апсорбира доволно топлина и ја пренесе на неговото тело“, рече Холинс.

За време на студените денови, сака да се закопа во лисја или искосена трева и таму да остане по цел ден.

„И покрај годините, Џонатан и понатаму има добро либидо и често се пари со Ема, а понекогаш и Фред. Животните често не се посебно чувствителни на полот“, објасни Холинс.

 

Scroll to Top