Највалканиот човек на светот, Иранецот Аму Хаџи почина на 94 години, само неколку месеци откако првпат се избања. Иранските медиуми пренесоа дека Хаџи се немал избањато повеќе од половина век, а новинската агенција „Ирна“ објави дека починал во неговото село во јужната провинција Фарс.

Хаџи се немал избањато со вода и сапун повеќе од 60 години, а селаните кои го познавале велат дека тоа е така затоа што уште како мал доживеал трауми. Наводно верувал дека чистотата може да го убие, но, пред неколку месеци, сепак успеале да го убедат и да се избања.
По неговата смрт, човекот кој може да го превземе рекордот за најдолг период на небањање би можел да биде Кајлаш Синг. Индиецот се нема избањато повеќе од три децении.






