Наместо на стадионот на АРМ, концертот на „Меморија“ ќе се одржи во „Борис Трајковски“

Концертот на групата Меморија на 11 јуни, наместо на стадионот на АРМ ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“. Организаторите решија да ја сменат локацијата поради најавата за невреме и лоши временски услови во Скопје во текот на викендот.

Купените партер влезници важат, истп како и фан пит влезниците, а со купените влезници за седење на трибината на стадионот на АРМ, сега во салата ќе може да влезат две лица со еден билет.

„Од овој момент натаму остануваат уште 2.500 слободни места за седење, за сите оние што не набавиле влезница и допрва имаат намера да го сторат тоа, нивната цена изнесува 700 денари“, додаваат организаторите.

 

Scroll to Top