Нашата песна не победи само поради политиката, рече оркестарот Калуш по победата на Евросонг

Победниците на Евровизија оркестарот Калуш од Украина на прес-конференција по победата, изјавија дека се пресреќни, бидејќи ова е победа на сите Украинци.

Тие им се заблагодарија на сите Украинци и на сите во светот кои гласале за нив и ѝм помогнале да победат во овие тешки моменти за нивната земја.

„Оваа победа е многу важна за Украина, особено оваа година. Слава на Украина“, рече фронтменот на оркестарот Калуш.

Новинарите ги прашаа победниците дали сметаат дека нивнта победа е резултат на политичката ситуација или поради песната „Стефанија“, на што тие одоговорија дека песната била прва на букмајкерите, уште пред војната во Украина и била во топ 5 според обложувалниците.

„Мило ми е што оваа песна се слушна во европските земји што ги посетивме. Им благодариме на сите што ја слушаа оваа песна и гласаа за нашата песна. Победата е многу важна за Украина деновиве. Украинската култура беше нападната и ние сме тука да докажеме дека украинската култура и украинската музика се живи и дека имаат прекрасен печат“, изјави од оркестарот Калуш.

Фронменот на групата рече дека не разговарал со претседателот Зеленски, но дека Украина со задоволство ќе биде домаќин на Европа во нова заедничка и среќна Украина.

 

Scroll to Top