Насилници маскирани како Спајдермен и Црвенкапа влегле во супермаркет и ги претепале вработените

Група маскирани насилници влегле во супермаркет во Велика Британија и ги нападнале вработените. Надѕорничката ја удриле толку што таа паднала во несвест. Станува збор за инцидент кој се случил минатата година. Еден од насилниците е Џош Мекдоналд кој има црн појас по мешани боречки вештини.

Претходно тренирал во Академијата за боречки вештини „Црн змеј“, во близина на неговата куќа Нортхемптон. Во 2016 година бил и кандидат за светското првенство во кикбокс во Штутгард, Германија. Многумина го осудија нападот откако го видеа снименото видео.

Џош го признал делото кое го сторил во продавница во јужен Лондон во јули 2021 година, пренесе „Мејл онлајн“. Бил со уште неколкумина насилници кои инцидентот го снимале и го пренесувале во живо. Еден од нив бил и Џорџ Обојл кој бил обучен како Али Џи и наводно бил лидер на групата.

Повеќето од членовите во персоналот биле претепани со метални шипки, боксови и клоци. Надѕорничката Лорен Скот кога сакала да разговара со Софи Робертс, била удрена во лице. Софи била облечена во Црвенкапа, а кога Лорен и се доближила и удрила бокс во лице.

Скот се обидела да се одбрани, но Мекдоналд повторно ја удрила, па Лорен паднала во несвест. Сите учесници се изјасниле за виновни во судот во Кингстон и ќе им се суди следниот месец. Мекдоналд, О’бојл и Робертс би можеле да се соочат со пет години затвор.

Scroll to Top