Научници го реконструираа ликот на свети Валентин

Графичкиот дизајнер од Бразил, Сисеро Мораис, со тим археолози го оживеа светецот по скенирањето на неговиот череп, кој се чува во црквата „Света Марија од Козмедин“.

Вистинското лице на свети Валентин, конечно, е откриен благодарение на тридимензионалното скенирање на неговиот череп, кој се чува во римската црква „Света Марија од Козмедин“.

Резултатот на дигиталната реконструкција открива дека италијанскиот светец, кој станал симбол на љубовта и поради кој 14 февруари во Католичката црква се обележува како Ден на вљубените, имал силна вилица и остри црти на лицето.

Графички дизајнер

Претходно се верувало дека свети Валентин починал во староста. Но, графичкиот дизајнер од Бразил, Сисеро Мораис, кој направил реконструција со тим археолози, по скенирањето на черепот, верува дека тој е погубен како млад.

„По скенирањето на черепот, почнав да додавам мускули благодарение на маркерите што одредуваат како изгледале лицата во разни региони во Италија во тој период. Кога дигиталниот отпечаток беше завршен, додадов коса и облека. Целата реконструкција траела речиси една недела“, вели Мораис.

Обезглавен

Бразилскиот експерт открива дека користел таканаречен манчестерски метод, кој британските форензичари го развиле уште во 1997 година.

Тестирањата со помош на јаглерод покажале дека черепот припаѓа на момче што живеело меѓу 119 и 338 година од новата ера. Свети Валентин е убиен со отсекување на главата на 14 февруари, 269 година од новата ера, по наредба на царот Клаудио Втори. Тој, спротивно на наредбата, ги венчал римските војници со девојки. Бил првиот бископ во градот Терна во Умбрија.

Scroll to Top