Научниците го открија првиот директен доказ за црните дупки

Астрономите го забележаа првиот директен доказ за црна дупка која се врти.

Набљудувањата се фокусираат на супермасивната црна дупка во центарот на соседната галаксија Месие 87, чија сенка беше снимена од телескопот „Хоризонт на настани“. Како и многу супермасивни црни дупки, М87 има моќни млазови кои лансираат од половите со брзина приближна на светлината во меѓугалактичкиот простор.

Научниците предвидоа дека ротацијата на црната дупка ги придвижува овие космички млазови, но до сега директните докази беа неостварливи.

„По успехот на снимањето на црната дупка во оваа галаксија со телескопот „Хоризонт на настани“, дали оваа црна дупка се врти или не, беше главната грижа на научниците. Сега исчекувањето се претвори во сигурност. Оваа чудовишна црна дупка навистина се врти“, рекол д-р Казухиро Хада, од Националната астрономска опсерваторија на Јапонија и коавтор.

М87 се наоѓа на 55 милиони светлосни години од Земјата и има црна дупка која е 6,5 милијарди пати помасивна од Сонцето. Дел од овој материјал е предодреден да падне во црна дупка и да исчезне засекогаш. Но, честичката ќе биде исфрлена од половите на црната дупка со повеќе од 99,99 проценти од брзината на светлината.

Scroll to Top