Научниците почнуваат проект на оживување на исчезнатиот тасманиски тигар

Истражувачи од Австралија и Америка почнуваат повеќемилионски проект со кој ќе се обидат да го оживеат тасманискиот тигар.

Истражувачите планираат да го изведат ова со матични клетки и технологијата на уредување гени и очекуваат првиот тигар да го пуштат во дивина за десетина години. Последниот познат примерок на ова животно умре во зоолошката градина во Хобарт во 1936 година.

Тасманиски тигар спаѓа во групата торбари. Научниците планираат да искористат матични клетки од друг вид торбар со слична ДНК и потоа да го вратат исчезнатиот тигар преку технологијата за уредување гени. Тоа би било исклучително постигнување и би биле потребни неколку научни новини.

„Верувам дека за десет години би го имале првото бебе тасманиски тигар, еден век откако исчезна од природата“, изјави Ендрју Паск, кој го води проектот на Универзитетот во Мелбурн. Ако научниците успеат, тоа ќе биде прв случај на оживување на исчезнато животно во историјата.

Критичарите на проектот се скептични и го опишуваат како научна фантастика.

Scroll to Top