НБА ѕвездата на Кливленд, Чеди Осман летово ќе прави свадба во Охрид

НБА ѕвездата на Кливленд кавалирс, Чеди Осман и неговата девојка познатата турска актерка Ебру Сахин на 1 јули ќе се венчаат во Охрид. Осман кој е со потекло од Охрид рече дека има желба да направи свадба во неговиот роден град каде има голем број роднини.

Тој е еден од најквалитетните европски кошаркари во моментов, а во кариерата едно време играше и со Леброн Џејмс. За потсетување, Осман и Сахин се заедно од 2020 година, а кошаркарот неодамна ја побара актерката за жена во Кападокија.

По свадбата во Охрид, тие планираат да направат церемонија и во турското туристичко место Чешме, каде што се запознале.

Scroll to Top