Некои луѓе се плашат да возат во зима или поседуваат автомобили што не сакаат да ги возат во оваа сезона, на пример, кабриолет. Поради овие и други причини, многу автомобили често поминуваат долго време на паркинг или гаража без нивните сопственици да ги возат. Колку е тоа препорачливо и паметно?
Што се случува кога ќе го оставите автомобилот подолго време паркиран?
Повеќето сопственици на автомобили знаат дека не треба да го остават својот „миленик“ недопрен предолго, но многумина не знаат зошто.
Ова се четирите најважни причини:
Ќе ви се потроши батеријата
Ова е проблемот што најверојатно ќе се појави прво ако не го користите автомобилот редовно. Стоењето во место без вклучено палење може да предизвика батеријата да го изгуби напонот со текот на времето. Ова е уште поизразено на пониски температури. Секоја батерија се празне со текот на времето, дури и кога не се користи, а тоа важи и за акумулаторот. Се полни со возење, а честото користење и полнење му го продолжува животот во споредба со тоа кога е целосно испразнет и повторно наполнет, пишува „Јутарњи лист“.
Ќе ви издишат гумите
Гумите ја задржуваат целата тежина на возилото. Поради ова, со текот на времето ќе се издишат. Ако автомобилот само стои паркиран во гаража или на паркинг со недели, може да се појават деформации на неговите гуми каде што гумата била во контакт со земјата. Деформациите може да влијаат на однесувањето на автомобилот и да го изложат возачот на поголем ризик од сообраќајни несреќи.
Колку долго автомобилот може да остане недопрен?
Колку долго можете да го оставите вашиот автомобил или да го возите? На ова прашање не постои недвосмислен и едноставен одговор бидејќи зависи од тоа колку добро сте го подготвиле вашиот автомобил за „складирање“ и колку добро го одржувате.
Општо земено, не треба да го оставате вашиот автомобил недопрен повеќе од две недели, уште помалку ако сте особено загрижени за празнење на батеријата или ако е стар.
Како да избегнете проблеми предизвикани од стоењето?
Можеби сте слушнале дека најдобриот начин да го заштитите вашиот автомобил од расипување е да го активирате моторот и да го оставите да работи десет минути на секои неколку дена. За жал, ова нема да биде премногу од помош бидејќи само го активира моторот. Најдобро би било да се вози автомобилот барем еднаш неделно. Возете го десет километри, тоа треба да биде доволно. Имено, за разлика од работењето „во мирување“, возењето ќе „разбуди“ многу повеќе компоненти на автомобилот. Ќе работат сопирачките, амортизерите, серво воланот, климата, а и течностите ќе си ја завршат работата.