Неделен хороскоп од 24 до 30 октомври: Јарецот да го забави темпото, љубов за девицата

ОВЕН

Соларната еклипса во вторник ќе ве инспирира и поттикне да навлезете подлабоко во себе и да бидете пооригинални кон другите. Во четврток, Јупитер влегува во Риби во вашата зона на духовноста и ви помага да бидете во вистинско време, на вистинско место. Ретроградниот Марс започнува во сабота, а за вашиот знак, тоа носи заштита и поврзување.

БИК

Соларната еклипса во вторник ви помага да се поврзете со идеи и луѓе кои се различни од вас. Во сабота, Јупитер повторно влегува во Риби во вашата зона на пријателствата и ве доближува од оние кои ви значат. Ретроградниот Марс почнува во недела и бара од вас да ги пренесете своите вредности во пракса.

БЛИЗНАЦИ

Потрудете се најдобро што умеете. Во вторник, соларната еклипса во Шкорпија ве повикува да вложите екстра напор за да го постигнете она што го посакувате. Преземете одговорност и променете ги нештата. Јупитер повторно влегува во Риби во сабота во вашата зона на одговорноста, носејќи ви професионален успех. Марс е ретрограден во вашиот знак од недела, носејќи ви голема лична трансформација. Обрнете внимание на деталите.

РАК

Потребна ви е храброст. Во вторник, соларната еклипса во Шкорпија бара од вас да ја споделите својата вистина, храброст и надежи со некој кој сака да го слушне тоа. Јупитер влегува во Риби во сабота во вашата зона на мудроста и ви носи интелектуални разговори со важни луѓе околу вас. Можна е и меѓународна авантура. Ретроградниот Марс почнува во сабота и ви помага да завршите некое поглавје.

ЛАВ

Соларната еклипса во вторник ве инспирира да најдете луѓе, места и искуства кои прават да се чувствувате добро и сигурно. Во сабота, Јупитер повторно влегува во Риби во вашата зона на интимноста и го насочува вашиот фокус кон задоволството и сексуалноста. Марс е ретрогарден од недела и ви помага да ги решите конфликтите со вашите пријатели.

ДЕВИЦА

Време е да почнете вистински да комуницирате. Соларната еклипса во вторник ви помага да го подобрите начинот на кој комуницирате со другите околу вас и да го проширите својот свет. Во сабота, Јупитер влегува во Риби во вашата зона на љубовни односи, носејќи ви нови можности за романса и љубов. Во недела, Марс почнува да се движи ретроградно во Близнаци и од вас бара лидерство, автономија и слобода.

ВАГА

Применете го она што го зборувате во пракса. Во вторник, соларната еклипса во Шкорпија бара од вас да го пренесете она што го имате на ум за да создадете подобра ситуација за себе, но и за другите. Јупитер повторно влегува во Риби во недела во вашата зона на добросостојба, носејќи ви подобри избори кога станува збор за здравјето и вашето расположение. Ретроградниот Марс го започнува своето патување во недела и ве инспирира да ги проширите своите хоризонти преку патување и образование.

ШКОРПИЈА

Соларната еклипа во вторник во вашиот знак ви носи огромна можност да почнете од почеток и да го трансформирате својот живот. Завршува едно поглавје, а почнува ново. Во сабота, Јупитер повторно влегува во Риби и ви носи можности за поголема самодоверба. Марс почнува да се движи ретроградно во недела и бара од вас да се посветите на интимноста и сексуалноста.

СТРЕЛЕЦ

Време е да ги пуштите работите. Во вторник, соларната еклипса е во Шкорпија,а тоа ќе ве поттикне да се ослободите од она што ве држи заглавено во некои ситуации од минатото. Во сабота, Јупитер влегува во Риби во вашата зона на домот и семејството, носејќи ви поголем контекст за емоционална безбедност. Марс почнува да се движи ретроградно во недела и ве мотивира да искомуницирате и да решите еден важен конфликт, но и да ги подобрите односите со другите.

ЈАРЕЦ

Важна е вашата околина. Во вторник, соларната еклипса во Шкорпија ви помага да се поврзете со своите пријатели и познаници и да се чувствувате подобро. Јупитер повторно влегува во Риби во вашата зона на комуникација во сабота и ја подобрува вашата комуникација. Во недела, Марс почнува да се движи ретроградно и бара од вас да успорите малку, но и да преземете мали чекори кон личен развој.

ВОДОЛИЈА

Во вторник настапува соларната еклипа во Шкорпија која ви помага да достигнете ново скалило на професионално поле. Јупитер повторно влегува во Риби во зоната на приходите во сабота и ви носи нови можности за финансиски успех. Марс почнува да се движи ретроградно во сабота, помагајќи ви да ги регулирате навиките, да смените нешто и да ја подобрите својата самодоверба.

РИБИ

Не постои такво нешто како лажна надеж. Во вторник, соларната еклипса во Шкорпија ве инспирира да верувате во себе, но и во подобрата иднина за себе. Во сабота, Јупитер повторно влегува во вашиот знак во вашата прва куќа и ви носи неверојатни можности за успех и среќа. Марс почнува да се движи ретроградно во сабота и бара од вас да изградите поврзаност со своето семејство, на здрав и продуктивен начин.

Scroll to Top