Неделен хороскоп од 26 септември до 2 октомври: Романтични денови за лавот, вагата да се ослободи од лошите навики

ОВЕН

Бидете нежни и суптилни. В понеделник конјукцијата на Месечината и Венера во девица ви помага да комуницирате понежно со другите како стратегија со која ќе победите. Венера влегува во Вага в четврток и ви носи енергија во која спротивностите се привлекуваат. Тоа ќе ви помогне да ги надминете разликите со друга личност. В недела завршува ретроградниот Меркур и ве враќа назад кон добрите навики.

БИК

Преземете ризик за да развиете доверба со другите. В понеделник конјукцијата на Венера и Месечина ви помага да изградите здрави и цврсти односи во кои нема да се плашите да бидете ранливи. Венера влегува во Вага в четврток и ви помага да се потпрете на пријателите на кои секогаш можете да им верувате и да дојдете до успехот со нивна поддршка. В недела Меркур го завршува своето ретроградно патување и ви носи храброст и самодоверба.

БЛИЗНАЦИ

Дајте му име на она што го чувствувате. В понеделник конјукцијата на Венера и Месечината ви помага да ги идентификувате емоциите кои ќе ви донесат внатрешен мир. Венера влегува во Вага в четврток и ви носи харизма и можност да се поврзете со други личности кои не можат да ви одолеат. В недела завршува ретроградното патување на вашата планета Меркур, па сега конечно ќе можете да здивнете.

РАК

Искористете ги своите зборови. В понеделник конјукцијата на Месечината и Венера во девица ви помага да ја изградите комуникацијата на убави и длабоки емоции. Венера влегува во Вага в четврток и ви носи зближување со луѓе кои прават да се чувствувате како дома во нивното срце. В недела Меркур престанува да се движи ретроградно и ви помага да ги најдете вистинските зборови за да се чувствувате подобро.

ЛАВ

Кои се вашите вредности? В понеделник конјукцијата на Венера и Месечината ве носи кон своите вредности кои ви помагаат за живеете среќен живот и да бидете задоволни. В четврток планетата на љубовта Венера влегува во Вага и ви помага да бидете поромантични и пољубопитни. Меркур го завршува своето ретроградно патување в недела и ве поврзува со искуства кои ви носат важни финансиски лекции.

ДЕВИЦА

Кои се важите желби? В понеделник конјукцијата на Месечината и Венера се случува во вашиот знак и ви помага да се поврзете со луѓе кои ви помагаат да живеете храбро и со страст. В четврток Венера влегува во Вага и ви носи нови познанства во кои ќе уживате и ќе го покажете својот интегритет. Меркур престанува да се движи ретроградно в недела, што ви носи нови и покреативни начини на комуникација и решавање на проблемите.

ВАГА

Ослободете се од лошите навики. В понеделник конјукцијата на Венера и Месечината ви помага да го смените вашиот пристап кон љубовта и љубовните односи. Венера влегува во вашиот знак в четврток и ви помага да откриете нови љубовни можности. Меркур го завршува своето ретроградно патување в недела и ви носи комплетирање на некои процеси за да можете да се придвижите напред.

СКОРПИЈА

Јавете им се на своите пријатели. В понеделник Месечината и Венера ги здружуваат своите сили во знакот Девица и ви помагаат да се поврзете со своите најблиски за да најдете поддршка и радост. В четврток Венера влегува во Вага, а тоа ви носи поттик да ставите крај на минатото и да уживате во сегашниот момент. В недела завршува ретроградниот Меркур и создава можност да ги надминете недоразбирањата со своите пријатели.

СТРЕЛЕЦ

Осигурајте заемна поддршка. В понеделник со конјукцијата на Венера и Месечината важно е да побарате поддршка, но и да бидете тука за другите. В четврток Венера влегува во вага и ги мати границите меѓу пријателство и љубов. Ретроградниот Меркур завршува в недела и ви помага да ги надминете конфликтите на работното место, но и евентуалните грешки кои можеби сте ги направиле.

ЈАРЕЦ

Применете го она што го имате научено. В понеделник конјукцијата на Месечината и Венера ве инспирираат да се нурнете храбро во околностите кои ве држат заглавени во одредени ситуации. В четврток Венера влегува во вага и ви носи контакт кој може да го подобри вашиот професионален живот. В недела Меркур веќе не е ретрограден и тоа ви носи можност да примените нови стратегии во различни аспекти од вашето живеење.

ВОДОЛИЈА

Слушнете го своето тело. В понеделник конјукцијата на Венера и Месечината бара од вас да се потпрете на интелигенцијата за да дојдете до важни увиди. Венера влегува во вага в четврток и ви носи партнери кои ќе ве понесат на патување од кое ќе научите многу. Меркур завршува да се движи ретроградно в недела и ви носи поинаков пристап кон интимноста и сексуалноста.

РИБИ

Не сте секогаш во право. В понеделник со конјукцијата на Месечината и Венера ќе успеете да примените учење од фидбекот на една личност која е многу поинаква од вас. Венера влегува во вага в четврток и ви носи партнери и искуства кои ќе ви донесат задоволство. Меркур го завршува своето ретроградно патување во недела и ви помага да дојдете до компромис и вештини за преговарање.

Scroll to Top