Учеството на Новак Ѓоковиќ на турнирите „Индијан Велс“ и „Мајами“ и понатаму се под знак прашалник. Помладиот брат на тенисерот, Ѓорѓе рече дека проблем е тоа што не е вакциниран против коронавирус.
Тенисерот е пријавен за турнирите кои ќе се играат во март и април, но прашање е дали границите ќе бидат отворени за сите, вели Ѓорѓе.
„Минатата година имавме слична ситуација со САД во повеќе наврати. Тоа е нивна одлука. Тие и понатаму бараат потврда за вакцина на влезот во земјата. Останува да бидеме трпеливи и да се надеваме дека ќе му дозволат да игра. Од тоа профит ќе имаат организаторите и сите навивачи во светот“, рече Ѓорѓе за „РТС“.