Глумецот Дејл Микс познат по улогата во сапуницата „Еммердејл“, почина на 47 години. Тажната вест ја објави неговото семејство, пренесе „Дејли Мејл“.
„Имамо многу помалку причини за смеење сега кога не си тука да ги споделиме со тебе. Фала ви на сите за убавите пораки и спомени кои ги споделивте со нас“, објави неговото семејство на „Фејсбук“ и им се заблагодари на пријателите за поддршката во овие тешки моменти.
Голем број пријатели се простија од него на социјалните мрежи.
„Дејл, многу ќе ни недостигаш. Имаше срце еднакво големо како и твојот талент и смисла за хумор. Многу ми е жал што повеќе не си со нас“, биле само некои од коментарите.
За потсетување, Дејл Микс кариерата ја почна во Byker Grove, а минатата недела се појави во епизодата The Hunt for Raoyl Moat.