„Нешнал Џиографик“ ја објави листата со најдобри дестинации за 2023

„Нешнал џиографик“ ја објави листата на најдобри дестинации за 2023. Листата е поделена во пет категории и содржи вкупно 25 дестинации, во кои ја има и Словенија.

„Се надеваме дека 2023 ќе донесе не само големо враќање на патувањата, туку и повторно откривање на чудата. Сакаме да го поттикнеме тој дух со оваа листа“, изјави уредничката на „Нешнал џиографик“, Ејми Алпио.

На листата има и нови атракции, како Големиот египетски музеј близу Каиро, чие отворање се одложуваше неколкупати и конечно треба да се случи догодина.

Култура – Вија Апија (Италија), Бусан (Јужна Кореја), пештерите Лонгмен (Кина), Египет, Чарлстон (САД)

Природа – Шкотски Гори, Боцвана, Словенија, националниот парк Биг Бенд (САД), Азори

Авантура – Нов Зеланд, Чокекирао (Перу), Јута (САД), Австриски Алпи, националниот парк Ревиљахихедо (Мексико)

Заедница –  Додеканези (Грција), Милвоки (САД), Алберта (Канада), Лаос, Гана

Семејство – Тринидад и Тобаго, патеката Кростаун (Сан Франциско), Колумбија, Манчестер (Велика Британија), Швајцарија

Scroll to Top