Нетфликс ги налути гледачите, откако најави емитување на „Титаник“: ја користат туѓата несреќа за да заработат

Стриминг платформата Нетфликс најави враќање на филмот „Титаник“ на малите екрани од 1. јули. Ваквата одлука на платфрмата предизвика големо внимание и критики дека платформата сака да заработи пари додека во фокусот на јавноста се уште е актуелна информацијата како и зошто загинале патниците од подморницата Титан.

Се уште не е познато дали „Титаник“ веќе бил во план како дел од нивната нова понуда, а неговото вклучување во каталогот се совпаднало со несреќата на бродот Титан на „Оушн гејт“. Неговите патници платиле 250.000 долари за одблиску да ги погледнат остатоците од бродот чие потонување однесе 1.503 животи. Во експлозијата на Титан на 18 јуни загинаа шефот на „Иушан гејт“, Стоктон Раш, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, британскиот авантурист Хамиш Хардинг и експертот за Титаник Пол-Хенри Наргеолет.

А режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, доби многу медиумско внимание како експерт за истражување на океаните и човек кој неколку пати нурна до потонатиот брод Титаник. Тој ги критикуваше „Оушн гејт“, и перформансите на Титан, како и комуникацијата со јавноста по несреќата. Имаше и такви кои, гледајќи го Камерон, кој е опседнат со океанот, заклучиле дека не им се допаѓа ставот на режисерот за целиот случај бидејќи од него прочитале презир за авантуристи.

Според следбениците на социјалните мрежи и коментарите на порталите, повеќето се убедени дека „Титаник“ доаѓа на Нетфликс исклучиво затоа што сите зборуваат за изгубените животи со Титан. Поборниците на случајноста, пак, наведуваат дека покрај „Титаник“, во понудата од 1 јули е и „Најдлабокиот здив“, документарен филм за луѓето кои живеат за нуркање и соборуваат рекорди во најопасниот спорт во светот. „Варајети“ напиша и дека инсајдер им потврдил дека договорот за емитување на „Титаник“ е одамна склучен, целосно неповрзан со настаните околу Титаник.

Scroll to Top