Нетфликс го отвора својот прв ресторан, ќе готват познати шефови кои глумат во популарните серии

Нетфликс го отвора својот прв ресторан: Готвачи ќе бидат познати актери од серијата

Платформата Нетфликс овој месец го отвори првиот ресторан „Нетфликс Бајтс“, во Лос Анџелес, каде што гостите ќе се сретнат со готвачи кои глумат во популарните серии на Нетфликс.

Меѓу нив ќе бидат Куртис Стоун, Родни Скот и Надија Хусеин. Тие ќе создадат мени за дегустација за кое Нетфликс вели дека ќе им овозможи на обожавателите и љубителите на храната уникатно искуство за јадење.

„Од епизода до мезе, со „Нетфликс Бајтс“ создаваме лично искуство во кое фановите можат да уживаат“, рекол потпретседателот на Нетфликс, за производи за широка потрошувачка Џоп Сајмон.

Миксолозите од натпреварувачкото шоу на Нетфликс „Дрик Мастерс“ ќе имаат задача да креираат сопствени коктели за менито за пијалоци.

Од гостите кои ќе направат резервација ќе се бара да обезбедат неповратен депозит од 25 американски долари што ќе оди на нивната последна сметка.

Менито „Нетфликс Бајтс“, сè уште е затворено, иако резервациите во моментов се отворени.

„Колку и да е вкусно, „Нетфликс Бајтс“, е строго можност да ги пробате овие уникатни јадења на овие готвачи. Готвачите нема да бидат на лице место за да ве запознаат и поздрават“, се вели во ЧПП.

Scroll to Top