„Нетфликс“ паузира со снимањето на The Crown од почит кон кралицата

Популарната драмска серија на Нетфликс,  „The Crown“ ќе паузара од снимањето на шестата сезона како знак на почит кон починатата кралица Елизабета Втора, објавија британските медиуми.

Серијата на Питер Морган се заснова на животот, кариерата и наследството на 96-годишната кралица која 70 долги години и служеше на Британија како монарх со најдолг стаж во историјата. Елизабета Втора почина во четвртокот во нејзиниот замок Балморал во Шкотска.

„The Crown“ е љубовно писмо до неа и немам што да додадам во овој момент, само тишина и почит“, објави Морган откако Бакингемската палата ја објави смртта на кралицата. „Исто така, очекувам дека ќе престанеме да снимаме на некое време од почит“, додаде тој.

Петтата сезона од серијата би требало да излезе на Нетфликс во ноември.

Ако шоуто сè уште трае кога кралицата ќе почине, ќе биде на пауза некое време, изјави режисерот Стивен Далдри пред неколку години.

„Никој од нас не знае кога ќе дојде тоа време, но би било правилно и соодветно да се покаже почит кон кралицата. Тоа едноставно би било почит и знак на почит. Таа е глобална фигура и тоа треба да го направиме. Таа е извонредна жена и луѓето ќе бидат вознемирени“, изјави Далдри за „Deadline“ во 2016 година.

Актерките Клер Фој, Оливија Колман и Имелда Стаунтон добија можност да ја портретираат кралицата Елизабета Втора во серијата во различни фази од нејзиниот живот.

Scroll to Top