Никогаш нема да ја оставам за друга жена, Роналдо раскажа како ја оставил Ирина Шајак поради мајка си

Најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо рече дека никогаш нема да ја остави мајка му Марија Долорес дос Сантос Авеиро поради друга жена. Никогаш не криел дека семејството му е на прво место и дека ја оставил и Ирина Шајк кога побарала да избере меѓу неа и мајка му.

За разлика од мајка му, Роналдо никогаш не бил близок со неговиот татко, кого го обвинува за тешкото детство. Тој починал на 53 годишна возраст од тоа што бил алкохоличар. Тогаш Роналдо имаше 20 години и играше за Манчестер Јунајтед.

„Тој секогаш доаѓаше дома пијан. Никогаш не можев да имам еден нормален разговор со него“, рече Роналдо, кој поддршката ја добивал само од неговиот постар брат Хуго и сестрите Лилијана и Елма.

Во документарецот кој беше снимен за него, неговата мајка објасни дека имало моменти кога размислувала и да абортира.

„Среќна сум што не се случи тоа и што Господ не ме казни“, рече Марија.

Роналдо и Марија денес се многу блиски. Секогаш се поддржуваат еден со друг, а фудбалерот често знае да ја изненади со скапи подароци. Марија минатата година за Денот на мајката се пофали дека од синот добила скап мерцедес.

Секогаш сака да ѝ покаже колку ѝ е благодарен за сè што направила за него и дека без нејзина помош тој никогаш немало да успее во животот. Таа има големо влијание врз неговите љубовни врски.

Во 2015 година се шушкаше дека причината за неговото раскинување со Ирина Шајак била токму Марија. Фудбалерот ја оставил затоа што таа не сакала да дојде во неговиот роден крај,  Мадеира, за да ја изненади мајка му за роденденот.

Тие претходно за Божиќ биле во Дубаи, а фудбалерот планирал да биде со мајка му за нејзиниот роденден. Ирина не сакала и сето тоа предизвикало кавга која резултирала со раскинување.

„Ирина зборуваше лошо за Долорес, а Роналдо застана на страната на мајка му. Тоа беше капка која ја прели чашата и двајцата беа во лоши односи во последните неколку месеци”, откри извор за Daily Mail.

„Со Ирина бевме во одлични односи, но постојано ме прашуваше зошто ја носам мајка ми секаде со нас. Ми рече дека морам да изберам меѓу мене и неа. Јас ѝ одговорив дека никогаш нема да ја оставам мајка ми за друга жена и не жалам што раскинав со неа“, рече Роналдо.

Кога еден новинар го праша зошто сè уште живее со мајка му, Роналдо му одговори дека таа е жената која го жртвувала нејзиниот живот за него.

„Спиеше гладна за да можам јас да јадам навечер. Немавме пари за ништо. Работеше 7 дена во неделата и навечер како чистачка за да ги купи за мене првите копачки за да можам да играм фудбал.Целиот успех што го постигнав ѝ го посветувам на неа“, рече Роналдо.

„И додека е жива, секогаш ќе биде со мене и ќе има сè  што можам да ѝ дадам. Таа е моето прибежиште и мојот најголем подарок и затоа никогаш нема да се одвојам од неа“, рече Роналдо.

Тој додаде дека сака им даде до знаеше и за идните потенцијални избранички, за тоа кој му е на прво место во неговото срце, за да не направат грешка како Ирина. За потсетување, сега тој е во среќна врска со Џорџина со која очекуваат близнаци.

Scroll to Top