Ноу Камп се изнајмува за свадби, фановите на Барселона ќе го спасуваат фудбалскиот клуб

Стадионот Ноу Камп на шпанскиот фудбалски клуб Барселона може да се изнајмува за најразлични прослави. За заинтересираните има и најразлични пакети кои може да ги одберат паровите.

Најевтината цена е 1.600 евра за свадба од 25 до 50 луѓе, додека најскапата е на трибините која овозможува излези со поглед на теренот. Ваквиот пакет понуда е за 300 до 1.000 гости, а цената е 13.500 евра.

На паровите на располагање им е и уште една опција, а тоа е резервирање на тераса на Камп Ноу кое чини помеѓу 6.000 и 7.000 евра, во зависност од посетеноста.

Освен свадбите, на навивачите им се нуди и можност да играат на теренот. Помеѓу 6 и 11 јуни, тие можат да платат 300 евра за еден час игра на Камп Ноу, а пријателите и семејството можат да го гледаат нивниот натпревар на стадионот доколку платат дополнителни 30 евра.

Причината поради изнајмување на стадионот за најразлични веселби се должи на финансиските проблеми на фудбалскиот клуб Барселона, кои имаат финансиски проблем што мора да се реши до 30 јуни. Односно тие до крајот на месецов мора да остварат приход од 500 милиони евра.

 

Scroll to Top