Новинар го обвини Надал дека мами на „УС Опен“

Еден од новинарите на „УС Опен“, го обвини шпанскиот тенисер, Рафаел Надал“, дека мами на тениските терени. Шпанецот со победа го почна турнирот, а потоа се расправаше со новинарите на конференцијата за медиуми.

Му рекоа дека ги крши правилата и дека судиите не го санкционираат како и другите играчи. Го потсети на изјавата на Џон Мекинро и го праша дали тоа што судиите не го казнуваат за кршење на правилото и дека троши повеќе од 25 секунди меѓу сервисите, фрла санка на победите.

„Мислам дека станува збор за шега. Низ кариерата добив толку предупредувања, но никогаш за кршење на рекетот или нешто случно. Туку баш за тие 25 секунди. Тоа е затоа што се потам многу. Го имам тој проблем. Веќе неколку години помошници и асистенти ни ги собираат топчињата, но, не ни додаваат пешкири. Морате да отидете на другата страна на теренот за да земете. А кога тоа ќе го направам веќе имам проблем. Немам протекција кај судијата, само повеќе се потам“, му одговори Надал.

Новинарот побара повторно одговор и праша дали тоа значи дека за него треба да важат други правила, само затоа што се поти повеќе од вообичаено.

„Не, не, не го реков тоа. Ги почтиувам правилата. Доколку ги надминат тие 25 секунди, секогаш добивам предупредување. Немам друг третман од судиите. Не знам зошто Мекинро рече такво нешто, ќе треба да поразговарам со него подоцна“, одговори Надал.

 

Scroll to Top