Новиот филм за Супер Марио го видоа 10 милиони луѓе на Твитер

Новиот филм за Супер Марио, „Супер Марио Брос“, е објавен на „Твитер“ и за кратко време досега го виделе повеќе од 10 милиони луѓе. Станува збор за пиратска копија која нелегално ја објавил анонимен корисник на „Твитер“ во петокот.

Филмот во моментов се прикажува во кината, а од „Твитер“ реагираа и го отстранија дури во неделата. Корисникот бил суспендиран одма, но до тој момент повеќе од 10 милиони луѓе веќе го погледнале. Поставувањето на пиратски копии на социјалните мрежи не е нешто ново.

Корисниците веќе имаа можност да го видат филмот The Fast and The Furious: Tokyo Drift или Avatar. Но, тогаш филмовите беа поделени во клипови во траење од две минути и објавени во низа делови, а овој пат беа потребни само два, еден за првиот сет филм, а вториот за преостанатите 32 минути.

Зошто ова се нема случено порано? Одговорот е едноставен. Социјалната мрежа чиј сопственик сега е Илон Маск, им дозволува на претплатниците на Twiter Blue да поставуваат видеа во траење до 60 минути преку сајт, односно до 10 минути преку апликација.

И покрај огромната гледаност на пиратската копија, The Super Mario Bros филмот растури и во кината, каде веќе заработи повеќе од милијарда долари. Останува да се види дали и „Нитендо“ на тој начин ќе ја согледа ситуацијата или ќе подготви тужба. Компанијата е позната како еден од најагресивните борци за заштита на своите интелектуални права.

 

Scroll to Top