Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Од денеска ќе биде објавен новиот поткаст „Што го врти светот?“, во кој соговорници ќе бидат успешни луѓе од Македонија од различни области. Уредничка и водителка ќе биде Јована Аврамовска Николовска, а прв гостин е Дарко Велков, креатор на еден од првите дигитални бизниси кај нас – vrabotuvanje.com.mk.

Приказната на Дарко почнува како млад човек кој работи од се по нешто. Со цел да и помогне на својата фамилија во 2003 ја создава платформата за вработување која денеска порасна во сериозен бизнис. Дарко зборува и за тоа кои работни места се добро платени кај нас во моментов, но и кои ќе бидат работните места на иднината. Во поткастот се отвора и темата на Вештачка интелигенција и како истата влијае и ќе влијае на работните позиции и дали некои професии ќе исчезнат во следните години.

Доколку сакате први да ги видите најновите епизоди од „Што го врти светот“ следете го поткастот на:

ЈуТјуб: https://www.youtube.com/@stogovrtisvetot

Инстаграм: https://www.instagram.com/stogovrtisvetot/

Спотифај: https://podcasters.spotify.com/pod/show/sto-go-vrti-svetot

Поткастот е поткрепен од податоци на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ. Оваа епизода е поддржана од активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности и продуцирана од Клип Медиа Груп.

Во следните епизоди од поткастот, успешни македонски претприемачи, еколози, режисери ќе свртат муабет со Јована. Тиe откриваат како да се успее на македонскиот и светскиот пазар. Целта на овој поткаст е да ги поттикне гледачите да размислуваат креативно и прептриемнички, во насока на создавање на вредност за себе и општеството.

 

 

 

Scroll to Top