Новогодишен концерт за деца во Филхармонија

Оркестарот на Филхармонија под диригентска палка на Емин Џијан ќе ја донесат новогодишната магија во Скопје на 27 -ми декемвери со концертот за деца насловен „Дедо Мраз околу светот со Џуџе и Џиџе Џуџевски“.

Аниматор на концертот ќе биде актерот Мартин Јордановски.

„Македонската филхармонија ве води на новогодишно патување околу светот со помошниците на Дедо Мраз, Џиџе Џуџевски и Џуџе Џуџевски, кои од Лапонија ќе допатуваат во Македонија.
Оркестарот ќе ве поведе на музичко патување околу светот со делата на: Штраус, Хачатуријан, Копланд, Бизе, Чајковски“, соопштија од Филхармонија и додаваат дека ваша задача ќе е да им помогнете на Џиџе и Џуџе да ја исполнат задачата која им ја поставил Дедо Мраз – да однесат подароци на дечињата од целиот свет.
Scroll to Top