Детски шеги, новогодишна еуфорија, родителски емоции, вака се опишуваат првите впечатоци по претставата „Сами сме дома“ во која глумат 70 млади актери на возраст кои се дел од актерската школа на Весна Петрушевска.
„Драго ни е што првите претстави ги распродадовме во рекордно време и што оваа модерна, забавна и интерактивна новогодишна претстава „Сами сме дома“ ќе се прикажува повторно на 27. декември, вторник, од 18 часот во Дом на АРМ. Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата навистина им покажеме на децата дека можат да ги допрат ѕвездите!“ рече актерката Весна Петрушевска.
Работата на Весна Петрушевска кон најмалите љубители на пишаниот збор и театарот е континуирана. „Овие “мали” актери на публиката им ја пренесуваат сета среќа и тага од драмските текстови. Време е да ја почувствуваме сите заедно новогодишната магија” додаде Петрушевска.