Њујорк и Сингапур се најскапи градови на светот

Economist intelligence unit од 16 август до 16 септември ги истражуваше трошоците за живот во 172 поголеми градови во светот, а на врвот на листата се најдоа Њујорк и Сингапур.

Според резултатите на глобалните трошоци за живот, Њујорк по првпат е на врвот на листата, додека Сингапур по осми пат.

Најголем напредок на листата имаат американските градови од кои дури шест се најдоа во топ 10, поради брзиот раст на цените и силниот долар во изминатиот период.

Најевтини градови и натаму останува сирискиот и либискиот главен град, Дамаск и Триполи..

Scroll to Top