Од јануари ќе се наплаќа десет евра за влез во Венеција

Од 16 јануари следната година, за влез во Венеција ќе се наплаќа. На овој начин Венеција сака да се заштити од преголемиот број посетители, бидејќи тоа им оневозможува на самите туристи да имаат пријатна обиколка на градот, а жителите да имаат нормален секојдневен живот.

Градските власти на Венеција ветија дека ќе спроведат голема светска кампања за да им објаснат на туристите како се ќе функционира според новите регулативи. 

Посетителите кои пристигнуваат со јавен превоз или поединечно за само еден ден ќе треба однапред да резервираат билет. Оние кои ги посетуваат околните острови како Бурано и Мурано исто така ќе треба да се регистрираат и да платат, но еден билет е доволен дури и ако туристот сака да посети повеќе од еден остров.

Жителите на регионот Венето, студентите, оние кои ги посетуваат членовите на семејството во градот, како и гостите кои ќе преноќат во Венеција, нема да платат влез бидејќи плаќаат туристичка такса.

Повеќејазичен онлајн систем за резервации ќе биде достапен наесен за посетителите кои сакаат однапред да го резервираат своето патување во Венеција. По резервацијата, посетителите ќе добијат QR код што ќе треба да им го покажат на инспекторите за билети и кој ќе им даде попуст на јавниот превоз и влез во музеи.

 Цената на билетите ќе зависи од бојата на тарифата, односно од тоа колку е преполн градот. Тарифите за влез во Венеција ќе имаат бои: зелена – што укажува на ниско ниво на посети, црвена – средно ниво на очекуваниот број туристи и црна, што значи дека се очекува исклучително голем број луѓе да го посетат градот. Така, билетите ќе чинат три, осум или десет евра. Тие што ќе се шверцуваат ќе платат казна и до 300 евра Посетителите кои ќе пристигнат без билет ќе треба да ја платат целосната такса од 10 евра и ќе подлежат на казни од 50 до 300 евра. Сите приходи од билети ќе бидат инвестирани во услуги кои ќе им помогнат на жителите на градот, вклучувајќи одржување, чистење и намалување на трошоците за живот.

Инспекторите за билети ќе бидат распоредени низ градот и ќе ги проверуваат билетите на посетителите или доказот зошто не треба да платат билет. Сè уште се размислува за воведување порти на некои локации во градот, како што е железничката станица. Покрај тоа, туристите ќе бидат следени од контролната соба на општина Венеција, опремена со повеќе од сто монитори кои директно прикажуваат видеа од 360 камери и шалтери на 40 луѓе во јавни места, плоштади, дури и во гондоли на вода. Присуството на туристи ќе може да се следи преку мобилни телефони.

Scroll to Top