Од три јавни тоалети во Скопје ни еден не е во функција, ама има чичко кој наплаќа за мочање

Три јавни тоалети во главниот град, но ниту еден не е во функција. Градскиот парк е место кое многу често има посетители во  кој било дел од денот, а граѓаните нема каде да извршат физиолошка потреба. Јавниот тоалет што се наоѓа во Градскиот парк во Скопје е во ужасна состојба и не е отворен за посета на корисници.

Но во близина се наоѓа уште еден тоалет кој го одржува кафулето „Централ парк“, сместено во вториот дел од паркот покрај езерцето, и кој исто така не дава убава слика за состојбата на тоалетите во главниот град.

На влезот во тоалетот во зависност во кој дел од денот ќе го посетите ќе ве пречека чичко кој наплаќа за мочање. Во овој тоалет ќе ве пречека руинирана слика со искршени врати, плафон кој штотуку не паднал, без средства за лична хигиена, тоалет и без струја. На вратите од тоалетот на лист хартија е напишано дека тоалетот не е во функција.

Во време на пандемијата голем дел од кафеаните, рестораните и кафулињата беа затворени или работеа според одредени протоколи, имаа доволно време да поработат на уредување на ентериерот, но и многу важниот дел од ваквите угостителски објекти како што се санитарните јазли.

„Репортер“ направи обиколка во тоалетите во локалите.

Cherry Orchard Wedding & Event Management е ресторан за свадби и други свечени моменти кој е лоциран на неколку километри од центарот на градот. Состојбата со тоалетите каде постојано се одржуваат свечености и циркулираат постојано луѓе не е задоволителна. Во тоалетот ќе ве пречека расипано казанче за вода и расфрлана тоалетна хартија.

Во кафулето „Манго“ во паркот кај авиончето во Ново Лисиче ќе ве пречека валкана канта за отпадок и инсталацијата за вода.

 

Кафе-ресторан МКЦ, солидно иако сепак и таму има недостатоци.

Креативниот натпис во кафулето „Среќа“ за поттик на корисниците тоалетната хартија да ја фрлат соодветно во кантата за отпадок.

И уште еден куп кафулиња во главниот град во кој да те фати страв да влезеш. И тоа прилично популарни места, каде што цената на пијалакот или храната е висока, ама ќе се заглавиш уште од врата кога ќе влезеш во тоалетот.

Секако дека има и тоалети кои се по стандардите, средени и чисти, но кога ќе се направи спoредба со другите тоалетите од локаните кафулиња и ресторани, општиот впечаток е дека најмалку се внимава на ова.

Законот за угостителски објекти предвидува казна за сопствениците на објектите доколку дејноста се врши без да се исполнат пропишаните минимално технички услови, санитарно-хигиенски и здравствени услови, условите за заштита при работа, заштита и унапредување на животна средина, противпожарната заштита и условите за заштита  која е во износ од 1.000 евра во денарска противвредност.

Редакција Репортер

 

 

 

Scroll to Top