Опасен астероид се ближи кон Земјата кој може да уништи над 6 милиони луѓе и да предизвика силен земјотрес

Астероид со големина на Емпаер Стејт Билдинг, кој е класифициран како потенцијално опасен се движи кон Земјата и ќе пристигне следната недела.

Но, не треба да се грижиме, очигледно, бидејќи објектот ќе помине покрај нас, иако ќе биде релативно блиску до нашата планета, пренесува „Тичспот“.

Астероидот 1994 XD, откриен од групата „Спејсвоч“ во опсерваторијата Кит Пик во Аризона во 1994 година, ќе се приближи до Земјата на 19,2 милиони милји, или околу осум пати од просечната оддалеченост до Месечината, нешто пред 3 часот по полноќ по ET на 13 јуни.

Астероидот е со дијаметар помеѓу 1.214 и 2.723 стапки и се движи со брзина од 77.301 километар на час.

Според веб-страницата за симулација на „Астероид Лаунчер“, под претпоставка дека астероидот бил со дијаметар од 1.500 стапки и удрил во Земјата под агол од 45 степени, слетувањето на астероидот 1994 XD во Њујорк би оставил кратер широк 2,1 милји, уништувајќи околу 60.000 луѓе.

Огнената топка долга 6,8 милји би убила над 6 милиони луѓе, а дополнителни 5,6 милиони би загинале од ударниот бран од 264 децибели. Би се случил и земјотрес со јачина од 6 степени.

Астероидот 1994 XD се доближи уште повеќе до Земјата во минатото: само 1,5 милиони милји на 31 мај 1904 година. Последен пат ја помина нашата планета на 27 ноември 2012 година, а по следната недела ќе има уште една блиска средба со Земјата во 2041 година.

Според Центарот за проучување на објекти блиску до Земјата (NEOS) на НАСА, се следат повеќе од десетина објекти блиску до Земјата.

Додека астероидот 1994 XD не се очекува да претставува никаков ризик за нашата планета, веројатно ќе има многу поголема загриженост на Денот на вљубените 2046 година.

Минатата година, НАСА ја спроведе мисијата за тестирање за пренасочување на двојниот астероид (ДАРТ), обидувајќи се да одврати небесен објект со лансирање и удар со вселенско летало во него.

Мисијата беше огромен успех, менувајќи ја орбитата на малиот астероид Диморфос повеќе од очекуваното.

Scroll to Top