Оскар за најдобар кастинг се воведува од 2026 година

Новиот Оскар за најдобар кастинг ќе биде воведен од 2026 година, соопшти Академијата за филмски уметности и науки, која го организира доделувањето на Оскарите.

Извршните директори на Академијата, Бил Крамер и Џенет Јанг, рекоа во соопштението дека кастинг директорите „играат суштинска улога во снимањето на филмовите“.

„Како што Академијата се развива, ние сме горди што додаваме кастинг во дисциплините што ги препознаваме и славиме“, велат тие.

Оскарот за најдобар кастинг ќе биде првата нова натпреварувачка категорија од 2002 година, кога беше воведена наградата за најдобар анимиран филм, потсетува Би-би-си.

Оскарите годинава, чиј водител е американскиот водител Џими Кимел, ќе се одржи во Лос Анџелес на 10 март.

Scroll to Top