Остатоци од брод стар 400 години се откриени на дното на река во близина на северниот брег на Германија, соопштија властите на градот Либек.
Нуркачите открија остатоци од 20 метри долг ханзеатски брод на дното на реката Траве во Либек и извадија повеќе од 150 барели од него.
Бродот пловел кон Либек кога потонал, градоначалникот Јан Линденау рече дека тоа е уште еден камен во мозаикот кој раскажува за економската и комерцијалната историја на градот.
Според првите проценки, бродот од 17 век пловел кон Либек кога се насукал и потонал во реката Траве. Потонатиот брод бил откриен при рутинска проверка на водениот пат.
Операцијата за извлекување треба да започне на крајот на годината, рече Линденау.