Осумкратниот светски шампион во џиу-џицу, Леонардо Ло, застрелан во главата

Осумкратниот светски шампион во џиу-џицу Леандро Ло е убиен за време на забава во клуб во Сао Паоло. 33-годишниот спортист бил застрелан од воениот полицаец Енрике Отавио Оливеира Велосо, кој веднаш потоа бил приведен.

Според пријателот на Ло, Велосо отишол до нивното друштво, зел шише со алкохол од масата и почнал да мавта со него. Спортистот го спречил Велосо во намерата да ги повреди и му рекол да си оди. Полицаецот потоа извадил пиштол и го застрелал Ло во главата. Ло бил пренесен во болница, каде неколку часа подоцна му била констатирана мозочна смрт.

Ло осум пати беше светски шампион и освои пет светски купа во џиу-џицу.

Scroll to Top