По продажбата на Челси, Роман Абрамович купи нов клуб

По продажбата на Челси, рускиот милијардер Роман Абрамович купи нов клуб. Абрамович, поради врските што ги имаше со Владимир Путин и санкциите што ги воведе ЕУ, беше принуден да го продаде премиерлигашкиот клуб, а сега, како што пренесуваат турските медиуми, набргу треба да биде претставен како нов сопственик на тимот Гезтепе.

Наводно, во наредните 48 часа Абрамович треба да биде претставен како нов мнозински сопственик на турскиот клуб, кој се бори за опстанок. Турција е една од земјите што не му воведе санкции на Абрамовиќч и му дозволи да ја закотви својата јахта

Турскиот новинар Рагип Сојлу пренесе дека официјалната потврда за преземање на клубот треба да биде соопштена в петок. Се шпекулира дека Абрамович сака да инвестира и во рускиот клуб ЦСКА Москва.

За потсетување, Абрамович претходно учествуваше во преговорите меѓу Русија и Украина во Турција.

 

Scroll to Top